Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на нафтата стабилни после поскапувањето

Цените на нафтата стабилни после поскапувањето

Терминските цени на нафтата денеска се стабилизираа, а трговците предвидуваат дека на падот на цената му се ближи крајот, наведуваат аналитичари. Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во април поефтинила на Њујоршката берза 36 центи на 49,40 долари, додека нафтата од типот „брент“ за априлската испорака во Лондон пефтинила 41 центи на 62,17 долари, пренсува Франс прес.

WTI во петокот поскапе 1,59 долари во Њујорк а „брент“ друи 2,53 долари во Лондон. WTI во почетокот на 2015 година падна на шестгодишен минимум, а во февруари се опорави. Од друга страна „брент“ од почетокот на годината зајакна 12 долари.

Цените на сировата нафта од јуни минатата година до крајот на јануари ослабнлае околу 60 одсто, во светло на обилните глобални залихи, слаба побарувачка и силен долар.

„Иако уште постојат обилни залихи, цените се во пораст, посебно во светло на намалување на брјот на бунари во САД, наведува менаџерот на продажба во токиската групација „Њувеч Кен Хасегав“.

Неделниот извештај за бројот на бунари во САД покажал дека тие во седум дена заклучно со 27 февруари се намалиле за 33 , што се 39 бунари помалку во однос на октомври.

Слично

Поврзани вести