Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на нафтата растат, укината забраната на извоз од САД

Цените на нафтата растат, укината забраната на извоз од САД

Цените на нафтата во Азија пораснаа, а американската и европската нафта се продавани по иста цена после укинувањето на 40 години старата забрана на извоз на нафта од САД.

Американската „лесна“ нафта  (WTI) за испорака во февруари поскапе 32 центи на 36,46 долари за берел, додека сировата нафта од типот брент  исто така за февруарските испораки поскапела 35 центи на 36,46 долари.

Аналитичарите веруваат дека извештајот за залихите на нафта во САД би можел да го сврти неодамнешниот раст на двете видови нафта пред долгиот божиќен викедн. Се очекува дека извештајот ќе покаже дека американските залихи повторно се зголемени.

Пазарните играчи ја поздравија одлуката на американскиот Кнгрес да го укине 40-годишното ембарго на извозот на нафта, воведено во 1975 година, за да се заштити снабденоста на енергентите на САД во светло на ембаргото на извозот на арапската нафта кој ја потресе американската економија.

Од летото 2014, кога цените на нафтата се движеа над 100 долари за барел, вредноста на сировата нафта падна повеќе од 60 одсто поради прекумерните глобални залихи, слаба побарувачка, забавување на глобалната економија и силниот долар. Цените на нафтата додатно ослабнале откако на 4 декември ОПЕК одлучи да не го намалува рекордното ниво на производство и покрај слабата побарувачка и големи глобални залихи.

Слично

Поврзани вести