Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на нафтата паднаа после тридневен раст

Цените на нафтата паднаа после тридневен раст

Цените на нафтата денеска паднаа после тридневен раст, а трговците се поделени во мислењата дали на падот на цената му дојде крајот, откако тие од јуни потонаа речиси за 60 одсто, наведуваат аналитичарите.

Барел американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во март поефтинилa, на мекрантилната берза во Њујорк 68 центи на 52,37 долари додека барел на северноморската нафта од типот „брент“ за мартовската испорака на пазарот во Лондон поефтинил 14 центи на 57,77 долари, пренесува франс прес.

(WTI) вчера поскапел 3,48 долари на 53,05 долари, што е негово највисоко ниво од 31 декември , а „брент“ 3,16 долари на 57,91 доларi, највисоко ниво од 30 декември.

Цените на нафтата од јуни минатата година, кога се движеа над 100 долари за барел, изгубиле преку 500 одсто од вредноста, како последица на прекумерните глобални резерви предизвикани од силно производсtво на нафта од јаглени шкрилци во САД.

Трговецот на „Њувеџ групата“ од Токио Кен Хасегав верува дека цените на нафтата би можеле како да паднат за 10 долари, така и да зајакнат за исто толку на краток рок. Некои аналитичари, меѓутоа, се сомневаат дека цената наскоро ќе порасне, покрај тоа што залихите на нафта значајно ја надминуваат побарувачката на тој енергенс.

Бројни нафтени компании најавија намалување на инвестициите во светло на ниските цени.

Бројот на нафтени бунари во САД во неделата заклучно со 30 јануари е намален за 128 на вкупно 1937 бунари во однос на 2393 бунари пред година дена, покажуваат податоците на компанијата Бејкер Хјуз (Baker Hughes).

Слично

Поврзани вести