Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на нафтата мируваат, се чека одлука на ОПЕК

Цените на нафтата мируваат, се чека одлука на ОПЕК

 Цените на нафтата мируваа во тргувањето во Азија бидејќи инвеститорите го чекаат исходот од денешниот состанок на Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК во Виена.

Американската „лесна“ нафта WTI за испорака во јуни паднала за 11 центи на 48,90 долари за барел, додека сировата северноморска нафта „брент“ договорана за августовските испораки поскапела за пет центи на 49,77 долари, пренесува Франс прес.

Малку луѓе очекуваат дека на состанокот на ОПЕК ќе биде постигнат договор за ограничување на производството, бидејќи Иран веќе стави до знаење дека не сака да учествува во било каков договор.

Иранскиот министер за нафта Биджан Занганех ги отфрли вчерашните медиумски шпекулации дека ОПЕК во главниот австриски град ќе постигнат согласност за лимитирање на производството на ниво на групата, велејќи дека неговата земја го поддржува враќањето на националниот систем на квоти.

„Една од нашите главни идеи е да имаме национални квоти, но мислам дека нема да постигнеме договор по тоа прашање на овој состанок“, рекол иранскиот министер по доаѓањето во Виена.

Аналитичар за нафта и гас во компанијата „БМИ Рисерч“, Питер Ли вели дека цените не се поместувале драстично поради вниманието на трговците.

Според неговото мислење иранското противење на било каков обид да се ограничи производството како би се поддржале слабите цени на нафта не ги изненадува трговците.

„Иран е цврст во своите акции, така што пазарот тоа воглавно веќе го пресмета во актуелните цени“, додал Ли.

Иран избегна неуспешна средба на состанокот во Доха на 4 април, помеѓу членките на ОПЕК и други големи произведувачи на нафта, вклучувајќи ја и Русија на која не е постигнат никаков договор за координирано замрзнување на производството.

Слично

Поврзани вести