Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на индустриските производи на домашниот пазар пониски за 0,1 отсто

Цените на индустриските производи на домашниот пазар пониски за 0,1 отсто

Во ноември годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар  се пониски за 0,1 отсто на месечно ниво, а повисоки за 5,5 проценти на годишно ниво.

Во споредба со октомври 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто и во групата Енергија за 0,2 процента, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во споредба со ноември 2011, продажните цени се повисоки во групата Енергија за 11,9 отсто, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 3 и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто.

Слично

Поврзани вести