Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на храната во светот достигнаа едногодишен врв

Цените на храната во светот достигнаа едногодишен врв

Храната поскапува во светски рамки.

Индексот на цените на храната според Организацијата за храна и земјоделство има раст од 1,9% во август.

Светските цени на храната достигнаа едногодишен врв откако трошоците се зголемија за сите стоки со исклучок на житни култури. Трошоците за млеко и млечни производи, растителни масла и шеќер се зголемуваат во однос на јули. За прв пат од почетокот на годината, цените на храната се намалија во јули, а сега повторно се враќаат кон трендот на поскапување на глобално ниво.

Цената на житни култури, сепак е намалена за 3%. Очекувањата за рекордна жетва на пченка во САД и презаситеност со ниско квалитетна пченица, ги туркаат цените надолу.

Слично

Поврзани вести