Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на горивата вивнаа

Цените на горивата вивнаа
По серијата поевтинувања на горивата, со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ бензините поскапеа за 5 денари, а дизелот за 4 денари. Со новите корекции цените на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 повторно ја пробија границата од 80 денари за литар, па сега тие ќе се продаваат за 80,5 денари односно за 82 денари за литар гориво. Цената на Еуродизел горивото ќе изнесува 68,5 денари за литар, аЕкстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 57 денари за литар. Мазутот поскапува за 3 денари и еден килограм ќе чини 42,260 денари. Најновите корекции на цените на горивата доаѓаат како резултат на поскапувањето на цената на нафтата на светските берзи.
Слично

Поврзани вести