Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНИ НА СТАНОВИ: Ќе растат или ќе паѓаат?

ЦЕНИ НА СТАНОВИ: Ќе растат или ќе паѓаат?
Ќе растат или ќе паѓаат цените на становите. Ако се следи економската логика најверојатно ќе продолжи натамошно намалување на цените, ако се следат изјавите на големите градежни компании цената е тука некаде. Според последните податоци на НБРМ, има намалување на цените. Во третиот квартал од 2015, се намалиле во просек за 0,8%, додека на на годишно ниво се забележува пад од дури 3,5%. Инаку, расте и учеството на станбени кредити, што говори дека има и постојано зголемување на побарувачката на станови. Преку проектот „Купи куќа, купи стан“' до живеалиште досега дошле над 700 граѓани. Многумина, растот на побарувачката го поврзуваат со големата миграција од малите градови кон Скопје што особено се случува во последниве години. И податоците на завод за статистика покажуваат дека во последниот квартал има зголемена активност во градежната сфера. Во септември годинава се издадени 316 одобренија за градење, што е речиси 20 отсто повеќе во однос на септември лани. Во овој период е предвидена изградба на 376 станови, со вкупна корисна површина од 35.189 метри квадратни. Има понуда, има побарувачка. Тоа во секој случај е гаранција дека може да дојде до придвижување на пазарот, но засега ретко кој калкулира со натамошен пад на цените на становите.  
Слично

Поврзани вести