Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНИ: Каде е најдобро да пазарите?

ЦЕНИ: Каде е најдобро да пазарите?
Државниот завод за статистика ги објави просечните цени на основните прехрамбени производи по градови во октормви годинава. Цените на прехрамбените продукти се разликуваат , зависно од градот каде се продаваат. Еве, какви биле цените во октомври годинава. Зеленчук Просечната цена на килограм компир во Македонија во октормви годинава изнесувала 25,89 денари. При тоа, компирот бил најспак во Охрид каде се продавал за 29,49 денари, а најниска цена имал во Куманово 22,89 денари за килограм. Просечната цена на килограм грав во октомври годинава изнесувала 177,48 денари за килограм. А, гравот најевтин бил во Велес - 153,26 денари за килограм, додека најскап бил во Охрид, односно 205,85 денари за килограм. Килограм кромид, во земјава има просечна цена од 28,48 денари. Но најскап бил повторно во Охрид, каде се продавал за 34,09 денари за килограм, а најевтин во Штип каде чинел 24,35 денари за килограм. Просечната цена на морковот во земјава изнесувала 32,91 денари за килограм. При тоа најскапо се продавал во Струмица за цена од 40,00 денари, а најниска цена имал во Скопје односно 28,26 денари за килограм. Килограм брокула во Македонија во просек се продава за 91,85 денари. Но, најскапа била во Охрид, каде се продавала за цена од 114,23 денари за килограм, а најевтина била во Битола, каде се продавала за 73,74 денари. Овошје Просечната цена на јаболката во октомври годинава изнесувала 47,89 денари за килограм додека ова овошје најскапо било во Тетово каде се продава за цена од 66,69 денари за килограм, а најевтино во Струмица за 34,64 денари за килограм. Килограм лимони во октомври годинава во Македонија имал просечна цена од 83,08 денари. А лимонот бил најскап во Штип каде се продавал за 108,15 денари за килограм, а најниска цена имал во Скопје, каде се продавал за 66,37 денари за килограм. Бананите се продавале за 59,03 денари за килограм во земјава. Најскапи биле во Тетово, каде чинеле 63,85 денари за килограм, а најевтини биле во Скопје каде се продавале за 54,53 денари за килограм. Млеко и млечни производи и друго Во октомври литар кравјо млеко во просек се продавало за 42,68 денари. Најспао било во Скопје, 45 денари за литар. Најевтино било во Штип, 35,33 денари за литар. Сирење - овчо, бело, домашно во просек се продавало за цена од  284,87 денари за литар. Најскапо било во Охрид, каде се продавало за 291,11 денари за литар, а најевтино било во Штип каде се продавало за 278,28 денари за литар. Килограм кашкавалот во просек во октомври годибава чинел 395,60 денари за килограм. Најскапо се продавал во Струмица за 413, 78 денари за килограм, а најевтино во Тетово за 364,42 денари за килограм. Јајцата во октомври годинава се продавале во просек за 8,35 денари по парче. Додека најскапи биле во Скопје каде се продавале за 9,16 денари, а најевтини биле во Штип каде чинеле 7,19 денари. Килограм ориз во Македонија во просек се продавал за цена од 97,81 денари. Најскап бил во Охрид каде чинел 101,73 денари за килограм, а најевтин во Скопје каде чинел 93,93 денари за килограм. Пченично брашно- тип 500 во октомври во просек се продавало за цена од 35,01 денари за килограм. Најскапо било во Велес каде чинело 38,50 денари за килограм, а најевтино било во Штип каде чинело 31,08 денари за килограм Во Македонија во просек лебот од пченично брашно –тип 500 чинел 50,10 денари за килограм. Најспак е во Скопје каде чинел 56,69 денари за килограм, а најевтин во Битола каде чинел 40,61 денари за килограм. Тестенини со јајца (макарони и шпагети) во просек во земјава чинеле 91,68 денати. Најскапи  биле во Охрид каде чинеле 103,04 денари, а најевтини во Тетово каде чинеле 82,63 денари. Литар масло за јадење во просек се продавало за 63 денари за литар. Но, најскапо било во Битола каде чинело 65,49 денари, а најевтино во Штип каде чинело 61,79 денари. Месо и месни производи Јунешко месо со коски во просек се продавало за цена од 333,26 денари за килограм. Најскапо било во Охрид, каде се продавало за цена од 349 денари за килограм, а најевтино во Битола каде се продавало за цена од 288,87 денари за килограм. Во октомври годинава телешко месо со коски се продавало за цена од 451,52 денари за килограм. Најскапо било во Тетово каде се продавало за 525 денари за килограм, а најевтино било во Битола каде се продавало за 385,12 денари за килограм. Свинското месо со коски, во просек се продавало за 275,12 денари за килограм. Најскапо било во Охрид каде чинело 296,99 денари за килограм, а најевтино во Штип каде се продавало за 249 денари за килограм. Килограм крап во просек се продавал по цена од 258,86 денари. Најспап е во Охрид каде чинел 273,86 денари, а најевтин во Струмица каде чинел 247,49 денари. Замрзнато, заклано пиле во октомври годинава се продавало за цена од 181,74 денари. Најскапо било во Штип каде чинело 193 денари, а најевтино во Битола каде чинело 170,79 денари. Врат, сув, свински без коски во просек во земјава се продавал за 362,50 денари. Најскап бил во Велес каде чинел 393,72 денари, а најевтин во Штип каде чинел 342,46 денари за килограм. Во просек шункова салама во земјава се продавал за сума од  242,59 денари за килограм. Најскапо било во Тетово каде чинело 259,32 денари, а најевтино во Скопје каде чинело 226,38 денари.
Слично

Поврзани вести