Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНИ: Горивата ќе поевтинуваат – дефлацијата не попушта!

ЦЕНИ: Горивата ќе поевтинуваат – дефлацијата не попушта!
Дефлацијата, односно падот на цените ќе биде закана и во 2016 та година. Сите анализи упатуваат на тоа дека и догодина се очекува да продолжи трендот на намалување на цените на храната, нафтата и металите. Тоа го покажуваат и најновите октомвриски прогнози на Народната Банка. Така, годинава странската инфалција се очекува да биде -0,1% наместо очекуваните 0% инфлација. “Странската инфлација ќе се врати во позитивната зона во 2016 година, при што се предвидува дека ќе изнесува 1,4%, што е пониско за 0,1 п.п. во однос на априлската оценка“, посочува НБМ. Годинава, цената на нафтата и натаму ќе се намалува. Проекцијата за цената на дериватите е надолно ревидирана како резултат на високото производство во земјите од ОПЕК, растечките залихи и неизвесноста од забавувањето на економската активност во Кина. Намалувањето на цената на нафтата ќе продолжи и догодина. “За 2016 година е извршена надолна ревизија на цената на нафтата, при што се очекува дека ценовниот раст ќе биде значително понизок од априлската проекција“
Слично

Поврзани вести