Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената за спас прескапа: Илјадници мигранти „платија“ со живот во потрагата кон подобра егзистенција

Цената за спас прескапа: Илјадници мигранти „платија“ со живот во потрагата кон подобра егзистенција

Колкава е цената што треба да се плати за да се обезбеди еден пристоен живот или ако ништо повеќе да се зачува оној што веќе го имаме? Што треба да се направи за да се обезбеди егзистенција за да се преживее овој еден, но и да се заштитат животите на најмилите? Судбината за волја на вистината не е кон сите подеднакво наклонета или што би рекле постарите „за некого е мајка, за други маќеа“.

И дали навистина човечкиот живот има цена и како се одредува таа?

Во голем број активни воени жаришта во светот на кантар висат животите на голем број луѓе кои не по своја вина се нашле во средиштето на жарот. Оние кои се уште имаат волја да се борат единствен спас бараат бегајќи што подалеку од онаму каде што наместо вечера се сервираат куршуми и бомби, каде наместо музика се слуша песната на автоматското оружје.

Бројот на конфликтни региони постојано се зголемува речиси насекаде низ светот, а со тоа животот на се поголем број луѓе ставен е на конец, пред завршен чин.

Токму затоа бројот на мигранти од ден на ден се повеќе расте. Но нивниот пат кон спас и подобра егзистенција е поплочен со заострени камења обележани со крвави траги.

Според податоците Меѓународната организација за миграција 2014 година се покажала како најсмртоносна за мигрантите. Бројката, како што велат од организацијата, се мери во илјадници. Станува збор за повеќе од 5 илјади загинати, што во споредба со лани е двојно поголема.

Овие луѓе имаат права кои мора да бидат остварени, а силната меѓународна соработка ќе значи и нивна заштита од трагичен крај,велат од ИОК.

„Поради борбата за подобар живот миграциите се неизбежни,но Европа мора темелно да се позанимава со овој проблем со цел да се спречат големите човечки загуби што ги претрпуваат мигрантите,а транзитните и крајните дестинации не  би требало да имаат проблем со нивната појава.

Рутата по која се движат со цел да стигнат кон земјите од Западна Европа не ја одминува ниту Македонија со оглед дека Балканот е неизбежна траса.

Само изминативе два месеци осум мигранти соочени со премор од долготрајните и исцрпни патуваа животот го изгубија на македонските пруги.

Од Меѓународната организација за миграции информираат дека бројот на регистрирани мигранти во 2012 година изнесувал 680, додека лани бројот на илегалци пораснал на 1.300.

Слично

Поврзани вести