Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на златото скокнала за 17% во првиот квартал

Цената на златото скокнала за 17% во првиот квартал

Цената на златото на меѓународните берзи забележа раст од 17 %, во првиот квартал од 2016 година,  што се смета за највисок во последните 30 години.

Цената на златото денеска изнесува 1232 долари за унца. Се смета дека ваквиот раст е резултат на намалената загриженост за растот на глобалната економија, финансиската стабилност на брзорастечките пазари, спроведувањето на политиките на негативни каматни стапки, запирањето на зајакнувањето на доларот во однос на другите валути, но и силната инвестициска побарувачка за злато.

Австралиските експерти предвидуваат голем раст на цената на овој благороден метал годинава. Спот цената на златото од почетокот на годината е во добивка од речиси 18%, по три години загуби.

Слично

Поврзани вести