Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на златото на петгодишен минимум

Цената на златото на петгодишен минимум

Цената на златото падна на најниско ниво за последните пет години, бидејќи пораснаа изгледите дека ФЕД во декември ќе ги подигне каматните стапки, јавува Блумберг.

Веројатноста дека ФЕД ќе ги подигне каматните стапки, прв пат од 2006 година, порасна на 74 одсто од вчерашните 72 одсто, според податоците на Федералните фондови.

Американскиот долар, кој обично се движи во спротивен правец од насоката на движењето на златото, зајакна за 0,1 одсто во однос на корпата од 10 водечки светски валути.

Цената на златото за непосредна испрака на Лондонската берза паднала за 0,7 одсто на 1.064,83 долари за унца, а доколку продолжи тој пад, можна е шеста последователна недела на загуба на вредноста на златото, што би било најдолг период на пад од август.

Вредноста на златото во моментов е на најниско ниво од февруари 2010 година, бидејќи инвеститорите размислуваат перспективи на повисоки камати во САД, откако најновите податоци укажале на јакнење на американската економија.

Цената на платината паднала за 1,0 одсто на 844,18 долари за унца, што е, како наведува Блумберг, близу до седумгодишен минимум.

Слично

Поврзани вести