Цената на златото до 1.500 долари до крајот на годината?
Bank of America прогнозира дека цената на златото ќе достигне до 1.500 долари до крајот на годината.
Благородните метали се стабилен залог во услови кога има притисок на агресивната монетарна политика.
По резултатите од британскиот референдум за напуштање на Европската унија (ЕУ) беа објавени бројни прогнози за златото, но една инвестициска банка има особено смела прогноза за цената на благородни метали.
Тим аналитичари од Bank of America Merrill Lynch очекуваат златото да поскапе за 10% до крајот на годината и да ја испрати 2016 година на ниво од 1.500 долари за унца.
„Во февруари изјавивме дека цената на златото го достигна дното и Брегзит го поддржа нашиот став. Затоа е зголемувањето на прогнозата за цената на златото следната година од 1 325 до 1 475 долари за унца "- посочуваат од инвестициската банка.
Златото се смета за добра инвестиција во време на нестабилност. Индивидуалните инвеститори исто купуваат злато, за да ги заштитат своите заштеди од инфлација.
