Цената на нафтата забележа благо покачување
Веста за зголеменото производство на нафта над очекуваното ниво од страна на Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) денес предизвика благ пораст на цената на црното злато на светската берза.
Последните информации говорат дека ОПЕК во декември произвела повеќе нафта од очекуваното ниво од 30 милиони барели, односно произведувале 30,2 милиони барели дневно.
Поради ваквиот тек на случувањата на пазарон на нафта денес барел американска лесна нафта „WTI“ за испорака во февруари на меркантната берза во Њујорк поскапи за 22 центи и се продава по цена од 46,47 долари за барел, додека северноморката нафта од типот „Brent“ за испорака во февруари во Лондон поскапи за 12 центи и сега изнесува 48,39 долари, пренесува „France press“.
За време на вчерашното тргување беше забележан пад на цените на нафтата од двата типа.
Слично
