Цената на нафтата се движи кон 60 долари
Цените на нафтата денеска растат, иако колeбањата на пазарот и понатаму се присутни, велат аналитичарите.
На берзата во Њујорк, цената на барел американска „лесна“ нафта за испораката во март се зголеми за 90 центи на 51, 38 долари, додека на пазарот во Лондон со барел северноморска нафта од типот „брент“ се тргува по цена од 57,41 долар, што во однос на вчера е повисока за 84 центи, пренесува агенцијата Франс прес.
„Колебањето во цените на нафтата пред се е мотивирано од вестите што се однесуваат на податоците за залихите, а таквата променливост најверојатно ќе опстане и денеска по објавувањето на податоците за бројот на нафтените ископувања во САД“, вели аналитичар на компанијата „ЦМЦ маркетс“ Николас Тео за агенцијата.
Заклучно со 30. јануари бројот на нафтени ископувања во САД е намален за 94, од 2.393 на 1.223, во однос на истиот период минатата година.
Намалениот број на ископувања во комбинација со најавата на големите нафтени компании БП и БГ групациите дека ќе го намалат проиводството, сигнализира дека во иднина можно е да се намалат резервите на нафта.
Сепак, одредени аналитичари се сомневаат дека краткорочното намалување на производствоот на нафта ќе има влијание на цените, бидејќи резервите се значително поголеми од побарувачката.
