Цената на нафтата притисната од ниската побарувачка на големите потрошувачи
Прекумерните глобални залихи и ниската побарувачка на нафта од страна на големите земји како Индија и Кина и понатаму ја притискаат цената на нафтата, сметаат аналитичарите од оваа област.
Според нив иако на денешното тргување на светските пазари вредноста на црното злато забележала благ пораст сепак натамошниот скок ќе биде ограничен поради прекумерните глобални залихи.
Според пишувањето на агенцијата „Франс прес“ врз зголемувањето на цената на нафтата влијаело и објавувањето на записникот на декемврискиот состанок на американската централна банка (ФЕД), кој покажал дека пред април оваа година ФЕД нема да ја зголемува каматната стапка.
Според последните податоци од светските берзи покажаа дека барелот американска лесна нафта (ВТИ) за испорака во февруари поскапил на берзата во Њујорк за 43 центи и достигнал цена од 49,22 долари, додека барелот северноморска нафта од типот брент за февруарска испорака на пазарот во Лондон поскапил за 34 центи и сега тој изнесува 51,3 долари.
Слично
