Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на нафтата паѓа, но најави за поевтинување на другите производи и услуги нема

Цената на нафтата паѓа, но најави за поевтинување на другите производи и услуги нема
Цената на црното злато на светските пазари е во континуирано опаѓање и од средината на јули минатата година таа речиси и да е преполовена. Ваквиот тек на настаните доаѓа поради несмаленото производство на овој енергенс, презаситеноста на пазарот но и слабата побарувачка на нафта од страна на големите економии. Но иако постојано слушаме дека горивата поевтинуваат, што всушност се и еден од главните фактори кои ги диктираат цените и на голем дел од останатите услуги и производи, сепак најави за нивно поевтинување нема. Поголем дел од приватниците се правдаат дека немало услови бидејќи, како што велат, и до сега работеле на работ на рентабилноста па новите ценовни падови на нафтата се добредојдени и за нив. Превозниците велат дека услови за намалување на билетите нема бидејќи според нив цените на овие услуги и сега се ниски, но не ја исклучуваат можноста за пресметки и идна корекција. Засега нема најави за поевтинување ниту на пекарските производи. Според производителите во оваа индустрија нафтата учествувала со многу мал процент во нивните трошоци. „Цената на пченицата на светските берзи постојано расте, поради што не планираме намалување на цената на лебот и белите печива“, велат бизнисмените од пекарската индустрија. Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека падот на цените на дериватите се одразил врз инфлацијата која заклучно со декември лани изнесува– 0,3 отсто. Светските аналитичари прогнозираат дека во следниот период темпото на намалување на цените на нафатата ќе биде побавно. Новото намалување на цените на дериватите е резултат токму на падот цената на нафтата на светските берзи.  
Слично

Поврзани вести