Цената на нафтата паѓа
Цената на нафтата се продлабочи со денешниот тренд кон намалување по барањето на Кувајт дека ОПЕК нема никаков друг избор освен да ја зачува цената на сегашното ниво.
„Ние не сакаме да го загубиме својот удел“, објаснил денес министерот за нафта на арапската држава Али ал-Омаир, пренесува Ројтерс.
По оваа изјава нафтата од типот „Брент“ поевтини со 1,14 долар за 54,77 долари за барел, а на американскиот „WTI“ - со 1,78 долар за 42,88 долари за барел.
Цените на нафтата денес паѓаат и поради тоа што резервите од суровините во САД се зголемиле повеќе од очекувањата на аналитичарите.
На почетокот на денешната трговија натата од типот „Брент“ поевтини за 47 центи до 55,44 доалри за барел, а оние за американскиот репер „WTI“ - со 1,07 долари до 43,59 долари за барел.
Резервите на нафтата во САД минатата недела се зголемија за 9,6 милиони барели, соопшти Управата за енергетски информации, со прогноза за раст од 3,8 милиони барели. Резервите во дистрибутивните центри во Кушинг, Оклахома, се зголемиле за 2,9 милиони барели до рекордниот волумен од 54,4 милиони барели.
Слабеењето на доларот во последните денови ги зголемува цените, но уште едно големо зголемување на резервите во САД ќе ги задржи, барем додека не започнат суштински измени за екстракција на нафта во САД, наведуваат аналитичарите.
Кина, која го зазема второто место во светот по потрошувачката на нафта, може да го намали купувањето, бидејќи резервните складишта на земјата се речиси целосно пополнети, а погоните го намалуваат производството.
