Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на нафтата останува на тримесечно дно

Цената на нафтата останува на тримесечно дно

Цената на нафтата останува на тримесечно дно во средата, a високите резерви на нафтени деривати ги помрачуваат изгледите пред пазарот на суровината.

Во споредба со февруари, кога нафтата чинеше околу 26 долари за барел, цените се зголемија значително, а растот беше предизвикан од голем број пречки во снабдувањето.

Некои од овие фактори веќе не се присутни, како на пример штрајкови или пожарите во Канада, и пазарните учесници Го насочуваат своето внимание назад кон фундаменталните фактори, а тие зборуваат за трупање со резерви во светот.

Во САД и покрај екот на сезоната, кога се вози повеќе, резервите на бензин изнесуваат 241 милиони барели, што е за 12% повеќе од петгодишниот просек на вредност, посочуваат од „S & P Global Platts“.

Кина, која е најголем потрошувач на нафта во светот, исто така го зголеми извозот на дестилати во последните неколку недели.

Стравувањата се вкоренети во тоа дека растот на бензин ќе ги натера рафинериите да купуваат помалку сурова нафта. Ова, за возврат ќе ја зголеми презаситеноста и ќе изврши притисок над цените.

Денес се очекуваат официјалните владини податоци за резервите во САД минатата недела. Анкета на „Wall Street Journal“ покажува дека прогнозите се за пад од 1,6 милиони барели.

Во вторникот Американскиот нафтен институт најави намалување во резервите во износ од 827 илјади барели.

Слично

Поврзани вести