Цената на нафтата ќе паѓа до 20 долари за барел?
Сировата нафта од типот Брент падна на 50,47 долари за барел, додека американската нафта паднала на 47,27 долари, што е најниско ниво од април 2009 година.
Аналитичарите не очекуваат опоравување на цената во краток рок, бидејќи ако се очекува произведувачите на нафта од шкрилци веројатно да го намалат производството, тоа нема да се случи до средината на оваа година.
Исто така, директори на ОПЕК одбиле да го намалат производството во цел поддршка на растот на цената на сировата нафта.
Нобовуки Накахра, поранешниот директор во нафтена компанија и поранешен член на одборот на централната банка во Јапонија во изјава за Ројтерс наведува дека очекува понатамошен пад на цените.
-Цена над 100 долари е абнормално висока.
-Цената на нафтата веројатно и понатаму ќе паѓа поради бавниот раст на кинеската економија, и затоа цената над 100 долари била абнормално висока вели Накахра.
-Не би ме чудело цените на нафтата да паднат на 20 долари. Се работи едноставно за однос на понудата и побарувачката. Пости граница до која нафтата може да расте, бидејќи високите цени на нафтата го забавуваат економскиот раст, појаснува Накахара.
Ниските цени се резултат на зголемена понуда, додека истовремено побарувачката е во пад, посебно во Европа која уште бара излаз од кризата, т.е Кина и Јапонија каде економскиот раст се забавува.
