Цената на нафтата ја притискаат високите залихи на САД
Цените на нафтата во текот на денешното тргување во Азија паднаа, во време кога трговците ја проценуваат новата монетарна стимулација во Кина и високото ниво на залихи на нафта во САД, наведуваат аналитичарите.
Американската лесна нафта (WTI) за испорака во мај поефтинила на Њујоршката берза четири центи на 56,34 долари додека нафтата од типот „брент“ за мајска испорака во Лондон поефтиннила 11 центи на 63,34 долари.
„Пазарот на нафта се движи во две насоки, со стимулации во Кина и големите залихи во САД“, рекол за франс прес стратегот на сиднејската фирма „CMC markets“ Мајкл Мекарти,
Народната банка на Кина во неделата, втор пат во последните два месеци, ја намалила стапката на задолжителни резерви за банката, што ќе ослободи ликвидни средства на втортата најголема светска економија за поттикнување на кредитирањето.
И покрај минатонеделниот извештај за намалување на производството на нафта од шкрилци во САД, американските залихи на нафта се многу високи и тоа ги загрижува инвеститорите, наведува Мекарти. Американското Министерство за енергетика минатата недела соопшти дека производството на нафта е намалено за 20 000 барели на 9,38 милиони барели дневно во неделата заклучно со 10 април.
Нафтата од јуни минатата година до јануари оваа година изгубила повеќе од 50 одсто од вредноста во светло на преголемата понуда и слаба побарувачка.
