Цената на нафтата и понатаму бележи вртоглаво опаѓање
Пазарната цена на нафтата продолжи вртоглаво да паѓа, приближувајќи се на шестгодишниот минимум, откако британскиот гигант на „Волстрит“, „Голдман Сакс“ ги намали очекувањата за цената на нафтата, поттикнувајќи загриженост околу преголемата понуда и слабата побарувачка.
Барел американска „лесна“ нафта „WTI“ за испорака во февруари поевтинил на берзата во Њујорк за 82 центи на 45,25 долари, додека барел северноморска нафта од типот „Брент“ за испорака во февруари на пазарот во Лондон поевтинил за 99 центи на 46,44 долари, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Брент“ вчера потона за повеќе од 5 отсто и го достигна најниското ниво од април 2009 година, а „WTI“ забележа пад од 4,7 отсто и е на најниското ниво од март 2009.
Аналитичарите веќе предвидуваат дека цената на црното злато годинава ќе падне под нивото од 40 долари за барел.
„Голдман сакс“ предвидува дека „WTI“ во наредните шест месеци ќе падне на 39 долари за барел.
Натрупувањето на глобалните залихи се припишува на растот на производството на нафта од шкрилци во САД и враќањето на либиската нафта на пазарот по долгата пауза поради нередите во земјата.
Слично
