Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на нафтата бележи „слободен пад“ на светските пазари

Цената на нафтата бележи „слободен пад“ на светските пазари
Зголемената понуда и намалувањето на побарувачката се главните фактори кои и понатаму диктираат цената на нафтата на светските пазари константно на паѓа. Паралелно со падот на цената на нафтата Русија руши рекорди во производство на овој енергенс, додека пак Ирак бележи невиден извоз од осумдесетите години на минатиот век. На ваквата состојба со цената на нафтата дополнително силно влијае и одлуката на ОПЕК од ноември минатата година дека нема намера да го намали производството на нафта и дека земјите членки на оваа организација лесно ќе ги пребродат ниските цени на црното злато. Од средината на минатата година до сега двата главни типа на нафта, Брент и ВТИ, изгубиле повеќе од половина од својата вредност. Американската нафта паднала на 51,40 долари, што е најниско ниво од мај 2009 година, додека европскиот Брент паднал на 55,25 долари за барел. Имајќи ги предвид состојбите на економиите во Кина, Јапонија и еврозоната, аналитичарите не очекуваат посилен пораст на побарувачката за нафта во брзо време.
Слично

Поврзани вести