Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на дизелот и бензините одат кон историски минимум

Цената на дизелот и бензините одат кон историски минимум
Цената на дизелот и бензините одат кон историски минимум, откако вчера комисијата за енергетика уште еднаш ги намали цените. Оосбено на Дизел горивото кое сега се продава по цена од 43,50 денари. Тоа е малку повисоко од цената на дизелот во 2004 та година, кога беше 36 денари. Сепак, и покрај вака ниските цени граѓаните се уште ги паметат и рекордно високите цени. Дизелот пред само три години се продаваше за цена од 75,50 денари. Бензините исто така во 2012 та година се продаваа за цени од по 89, односно 90,50 денари за литар. Сите предвидувања се дека цените ќе продолжат да бидат на ниско ниво. Тоа се предвидува и за следната 2016 та година.
Слично

Поврзани вести