Економија, финансии, бизнис

Контакт

Целото интервју на Заев, за кое се распукаа ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Целото интервју на Заев, за кое се распукаа ВМРО ДПМНЕ и СДСМ
Гостувањето на Заев на косовска телевизија крена многу врева во јавноста. ВМРО ДПМНЕ смета дека Заев нанел штета на земјата, од СДСМ му порачуваат на Груевски дека е готово, и затоа само измислува, сценарија играјќи на картата на национализмот. „Ги разбираме нервозата и срамот кој ги чувствува СДСМ бидејќи знаат дека народот веќе ги прочита и не ги поддржува, но за тоа СДСМ самите се одговорни што се ставија во улога на одработувач против интересите на Република Македонија. Зоран Заев е спремен да тргува со се за да си ја задоволи својата болна желба за власт“, напишаа од ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ велат дека ставот на СДСМ и на претседателот Зоран Заев е кристално јасен и познат за јавноста . „Со Устав и Закон е дефинирана употребата на Македонскиот јазик и на јазиците на заедниците. Она што е предвидено со Уставот и законите треба да се почитува“ порачаа од СДСМ. Инаку во интервјуто за РТК Заев говори за употребата на јазиците на националностите. Според дел од медиумите кои се блиски до Владата Заев дал предлог албанскиот јазик да се изучува во градинките, и го нарекува албанскиот јазик официјален. СДСМ порача дека лицемерниот патриот Груевски, преку медиумските одработувачи, манипулира на картата на национализмот. Целото интервју на Заев, на англиски јазик може да го видите на следниов линк. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=sz0qUjWgSzY[/embed]
Слично

Поврзани вести