Економија, финансии, бизнис

Контакт

Целосното соопштение на мисијата на ЕУ и САД

Целосното соопштение на мисијата на ЕУ и САД
Шефовите на мисиите на Европската Унија и Соединетите Американски Држави денес го дадоа следново соопштение: „Одблиску ги следевме неодамнешните внатрешнополитички настани во земјата. Изразуваме загриженост бидејќи овие настани го одвлекуваат вниманието од стратешките приоритети на земјата. Во една парламентарна демократија парламентот е клучниот форум за покренување и решавање на сите прашања, како и за дебатирање. Со таа цел, ја охрабруваме опозицијата да се врати во парламентот со цел да ги претставува големиот број граѓани кои гласаа за опозициските партии на последните парламентарни избори. На секоја демократија и треба силна и активна опозиција. Истовремено, ја охрабруваме владата да ги преземе сите чекори за повторно воспоставување на политичкиот дијалог, како и да создаде услови за ефикасно и транспарентно делување во парламентот. Важно е сите партии да ја почитуваат оваа институција, нејзините процедури и демократските вредности врз кои е заснована. Веруваме дека ова ќе биде во интерес на сите политички партии, како и во интерес на земјата со оглед на клучната важност која ја имаат ЕУ и НАТО интеграцијата за иднината на сите нејзини граѓани, без оглед на нивната политичка определба“.
Слично

Поврзани вести