Економија, финансии, бизнис

Контакт

Целосно запрено повлекувањето на депозитите-тврди Богов

Целосно запрено повлекувањето на депозитите-тврди Богов

Речиси целосно е запрено повлекувањето на депозитите од банките по шпекулациите во врска со политичката криза во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

Богов во интервју за Ројтерс, потенцира  дека во текот на април се повлечени 1,8 % од депозитите во банките,  што е прв таков случај по повеќе години постојан раст на депозитите.

„Во изминатите две недели гледаме стабилизација на ситуацијата, а повлекувањето на депозитите речиси запре. Има показатели дека граѓаните ги враќаат депозитите во банките, поради што сметаме дека најлошото е завршено“ - вели Богов.

По зголемувањето на каматите на благајничките записи од 3,25 на 4 проценти, Богов истакнува дека засега нема потреба од дополнително зголемување.

Додава дека е можно Централната банка да ги намали каматите,  ако политичката криза наскоро биде надмината и нема шпекулативни напади врз стабилноста на денарот.

Слично

Поврзани вести