ЦЕЛОСЕН ИЗВЕШТАЈ СТАНДАРД И ПУРС: Економијата бавно ќе напредува, долгот ќе расте!
Долгот на општата Влада ќе расте, а економскиот раст до година ќе се намали. Според новата оценка на кредитната агенција “Стандард и Пурс“, годинава ќе заврши со економски раст од 3,3% додека до година тој ќе се позиционира на 3,5%. Во однос на долговите, кредитна агенција предвидува раст, така за годинава долгот на општата Влада ќе изнесува 42,1% додека до година ќе надмине 43,3%. Кредитната агенција го потврди кредитниот рејтинг на Македонија од ББ-/Б со стабилен изглед. Но во обемната оценка, “Сандард и Пурс“ ја анализираат не само економската туку и политичката состојба во земјва. “Оценките за Македонија го одразуваат нашиот поглед на релативно ниските приходи и нивото на богатство, со што очекуваме дека БДП по глава на жител ќе изнесува 4 300 долари во 2015 та година, слабата контрола и равнотежа помеѓу политичките институции и ограничената флексибилност на монетарната политика. Оценките се подржани од страна на умерениот, иако растечки, надворешен и јавен долг“.
Долговите ќе растат ...
Отстапување од планираното ниво на фискален дефицит и натамошен раст на договите предвидува кредитната агенција во периодот што следува. “Општиот владин фискален дефицит беше ревидиран нагоре до 4% од БДП во однос на почетната цел на Владата, четврта година по ред во 2014 та година. Во 2013 та година дефицитот најмногу беше поттикнат поради отплата на доспеани а неплатени долгови, во 2014 та година пак високите предизборни трошоци и вложувања во инфраструктурата во голема мера беа причина за отстапувања. Цениме дека општиот владин дефицит ќе изнесува 3,6% од БДП во 2015 та година, а стеснување од 3% се очекува во 2018 та, што е посопоро во однос на она што го предвиде Владата. Разликата произлегува од нашите помали очекувања за реален раст на БДП како и неодмнешната владина историја за недостаток на фискланите цели“
Според оценката на аналитичарите на агенцијата, 60% од државниот долг е во странска влаута, што ја зголеми ранливоста на билансната состојба. Со оглед на тоа што јавниот сектор се повеќе се задолжува во странство, очекуваме дека задолженоста е на растечки пат, сметаат од Стандард и Пурс.
Кредитната агенција посочува и на раст на долговите на јавните претпријатија.
“Државниот долг се зголеми на околу 40% од БДП 2014, од 20% во 2008 година, додека гаранциите за јавните претпријатија четирикратно се зголемија на удел од околу 8% од БДП. И покрај предвремената отплата на своите долгови кон ММФ, претходно во текот на оваа година, државниот долг на Македонија ќе продолжи да расте и во текот на 2018 година, како дефицит останува долг финансиран. Се очекува да расте и гарантиран долг, да се зголеми кон 10% од БДП во 2018 година, пред се поради јавините претпријатија, како што Јавното претпријатие за Државни патишта кое се потпира на кредити за инфраструктурни трошоци. Вистинските бројките на крајот ќе зависи од цената на проектот за градба, но за нас е тешко да се предвидат со оглед на ограничената транспарентност на јавниот процесот на јавни набавки во Република Македонија.“
Според оценката на Стандард и Пурс, Народната банка на Македонија одржува стабилно ниво на девизни резерви. НБРМ, според најновата оценка на кредитната агенција, во три наврати ја намалила основната камата како и задолжителната резерва за да го стимулира кредитирањето.
“Додека банкарскиот систем се чини дека е добро капитализиран, профитабилен, а финансиран од домашните депозити, ние напоменуваме дека двете најголеми подружници кои работат во Македонија се со грчки и словенечки родителите (на Националната банка на Грција С.А. и Нова Љубљанска банка). Доколку едниот или двата родитела се подпритисок за намалување на изложеноста или ги продаваат своите филијали во несуштинските пазари, потенцијално може да се очекуваат некои ликвидносни притисоци кон своите македонски подружници“, се наведува во оценката на агенцијата.
Политичка нестабилност, бомби на опозицијата ...
Иако кредитната агенција смета дека актуелната политичка криза на среден рок нема да влијае врз проекциите за раст, сепак посочува дека Македонија се соочува со политичка нестабилност. “На парламентарните избори што се одржаа во април 2014 година победи Вмро Дпмне и формираше коалиција со најголемата партија на етничките Албанци,Демократската унија за интеграција (ДУИ), и заедно контролираат 65% од местата во парламентот. Цитирајќи изборни нерегуларности, главната опозициска партија,Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), го бојкотираше Парламентот и владата функционира без ефикасна опозиција во изминатата година. Политичката нестабилност се интензивираше во текот на последните шест месеци. Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, е обвинет за обид за државен удар во услови на објавување на тонски материјали, кои наводно упатуваат на вмешаност на
Владата во измама, и меѓу останатите сериозни кривични дела.
Ние во моментов не очекуваме тековните домашни политички турбуленции да имаат негативен ефект на прелевање за растот на среден рок“, се посочува во извештајот. Агенцијата упатува и на последиците од спорот за името со Грција. “Во својот извештај од 2014 година за напредокот на Македонија, ЕУ укажа влошување на слободата на медиумите и проблеми во врска со независноста на судството. Според наше мислење, фискалната излети и слабеењето на јавните финансии од глобалната финансиска криза, исто така, укажуваат на лабаварамка за проверка на трошоците на јавните набавки, како и јавните тековните расходи“, се вели во оценката и се додава:
“Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, но спорот со Грција за нејзиното уставно име продолжува да го забавува напредокот во разговорите за пристап. Додека преговорите се во тек за да се постигне решение, нашите среднорочни прогноза не ги вклучуваат придобивките од пристапувањето“Од кредитната агенција посочуваат дека кредитниот рејтинг може да биде зголемен во случај на реформи кои треба да донесат повисок и одржлив раст. Но оценката може да биде и намалена доколку има поголеми фискални пропусти поврзани со одржливност на јавниот долг и зголемување на долговите кон странство.
Р.Ф.
Слично
