Економија, финансии, бизнис

Контакт

Целиот состав на новата косовска Влада

Целиот состав на новата косовска Влада
Се конституираше новото косовско Собрание, а веќе во 15 часот тоа треба да ја избере и новата косовска Влада, за која денеска беше постигнат коалициски договор меѓу лидерите на Демократската партија на Косово и на Демократскиот сојуз на Косово, Хашим Тачи и Иса Мустафа. Како што објавуваат косовските медиуми, идната влада покрај премиерот, ќе има и тројца заменици премиери и 19 министерски ресори. Нејзиниот конечен состав се „пегла“ до последен момент, но ова се најверојатните решенија за идни министри во косовската Влада: Премиер - Иса Мустафа Прв заменик премиер и министер за надворешни работи - Хашим Тачи Заменик премиер - Мухамет Мустафа Заменик премиер - Скендер Хисени
Министерството за образование, наука и технологија - Арсим Бајрами Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој - Мемли Красниќи или Блеранд Ставилеци Министерството за дијаспора - Едита Тахири Министерството за правда - Хајредин Кучи Министерството за европска интеграција - Беким Чолаку Министерството за економски развој - Рамиз Келменди или Бесим Беќај Министерството за животна средина и просторно планирање - Џавит Халити Министерството за внатрешни работи - Хаки Демоли Министерство за здравство - Теута Сахачиу Министерството за инфраструктура - Љутви Жарку Министерството за трговија и индустрија - Хикмете Бајрами Министерството на Косовските безбедносни сили - Антон Чуни Министерството за култура, млади и спорт - Кујтим Шала (се уште не е сигурно) Министерството за финансии - Aвдула Хоти Државен министер и лидер на техничкиот дијалог меѓу Косово и Србија - Енвер Хоџај Министерство за локална самоуправа - Александар Јаблановиќ Министерство за заедници и враќање - Слободан Петровиќ Министерството за труд и социјална политика - Ненад Рашиќ Министерството за јавна администрација - Махир Јагчилар
Слично

Поврзани вести