Цела Индија бесплатно на 4G мобилна мрежа до 2017-та
Индија иако бележи голем економски развој и продажбата на смартфони доживува бум со евтини модели, населението во голема мера се уште нема квалитетен пристап до интернет и модерни технологии. Тоа ќе го промени бизнисменот Мукеш Амбани кој вети нова услуга за 4G мрежа преку операторот Jio со што речиси една милијарда корисници до 2017-та ќе имаат бесплатен мобилен интернет.
Амбани е најбогатиот човек во Индија и неговиот телекомуникациски бизнис само дополнително ќе се развие со изградбата на новата мобилна инфраструктура која ќе покрива 90% од територијата на земјата.
Тој посочи дека граѓаните заслужуваат полесен пристап до мобилен интернет за да влезат во модерниот свет. Од 2017-та услугата на Jio за 4G интернет ќе се наплаќа по 2.5 долари што е доста прифатливо за индискиот пазар. Богатството на Амбани е проценето на 22 милијарди долари.
Слично
