Цела година туристичка сезона
Минатата година Белград го посетиле повеќе од 630 илјади туристи. Тие на располагање имаат 61 хотел, кои ги има на секој ќош. Престолнината пак во последните години е се попопуларна филмска дестинација.
Бројот на туристи во главниот град на Србија расте од пет до десет отсто годишно. Туристичката сезона во Белград трае во текот на целата година.
Според директорот на туристичката организација во Белгард Дејан Веселинов оваа посетеност по хотелите и хостелите е доволна, освен кога во градот има две големи манифестации во ист период, па се случува и поголема побарувачка за сместување.
Пред неколку години пак во Белград немало ни еден хостел, додека денес се на секое ќоше и престој во нив чини од 10 до 30 евра.
-Најмногу гости имаме од април до октомври. Тоа најчесто се туристи од англосаксонско говорно подрачје, но има и многу Полјаци, Французи, Германци, изјавила Јасмина Јефетиќ од хостелот Фер.
Најпопуларни сместувања во Белград се приватните апартмани. Во скромните ден чини околу 20 евра по лице, а во најлуксузните 50.
"Највише гостију имамо од априла до октобра. То су углавном туристи са англосаксонског говорног подрушја, али има доста и Пољака. Мађара, Француза, Немаца", каже Јасмина Јефтић из хостела "Фер".
Овој град прерасна и во филмска сензација во кој светски познатите режисери синимаат сцени за своите филмови. Членовите на филмските екипи во текот на нивниот престој најчесто се сместени во апартмани.
-Огласуваме на интернет на сите светски пребарувачи, на сите специјализирани сајтови, бидејки имаме апартмани кои ги исполнуваат сите светски стандарди, изјавила Маја Кисин од агенцијата Кристал код.
Приватните апартмани ги категоризира Градското оделение за економија. Според процениките на еден категоризиран апартман, доаѓаат два кои се издаваат на црно.
За сопствениците на легалните приватни сместувања ова е нелојална конкуренција, а градот и државата секоја година губат многу пари кои се сливаат исклучиво во приватни џебови.
Слично
