Економија, финансии, бизнис

Контакт

Царината заплени над 300 илјади евра на Табановце

Царината заплени над 300 илјади евра на Табановце
Денеска напладне Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на излез од државата спречиле обид за нелегално изнесување на 317.220 евра, повеќето во апоени од 50 евра. Како што информираше директорот на Царинската управа Ванчо Каргов, станува збор за македонски државјанин кој парите ги сместил во торбица на задните седишта од патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски таблици, а при претрес во торбицата сместена во возилото ги пронашле непријавени пари. „Според првичните информации овие пари се дојдени од Скопје, а исто така првично знаеме дека случајот е поврзан со претходно излезен автомобил на српски државјанин, кој претходно и пријавил дека носи 10.000 евра, поради што основано се сомневаме дека се поврзани двата субјекта. Истрагата продолжува, а против лицето ќе бидат покренати соодветни постапки“, изјави Каргов. Согласно стандардната постапка, запленетите пари ќе се пребројат, ќе се направи спецификација и до завршувањето на судската постапка ќе се чуваат во трезорот на Народна банка на Република Македонија, а доколку постапката заврши во корист на државата, тогаш овие пари се сопственост на државата, нагласи првиот човек на Царина.
Слично

Поврзани вести