Цаноски одново ќе го гради ,,Космос”
Сопственикот на станбениот комплекс ,,Космос”, Фијат Цаноски најави дека за еден месец одново почнува изградбата на објектот, известува Алсат-М.
Тој планира градбата да биде готова за десет месеци, колку што му важи дозволата за изградба.
„Дозволата има важност пет години, ние имаме уште десет месеци за да започнеме со градбите и во тој рок да биде готова дури и карабината. Ако влезе странски инвеститор таа дозвола се продолжува уште пет години. Но, јас нема да чекам толку многу. Во наредниот месец започнувам со градбите и до Нова Година, додека важи дозволата ќе биде затворена зградата и карабината. Ние имаме платено комуналии, од 5 милиони и 170 илјади евра, кон градот и општината. И, иако досега тие требаше да ги завршат булеварот и улиците, тие не се започнати. Но, ако не ги завршат, јас со сопствени средства ќе ги завршам булеварот и улиците и ќе им пратам фактура.“ -рече Цаноски.
Иако властите тврдат дека уривањето на ,,Космос” било според сите законски процедури, сопственикот Цаноски тврди дека позади тоа стојат политички причини и интереси, а доказ за тоа вели дека е тоа што општината Гази Баба не им ги дала сите потребни коти за изградба.
Инаку, Цаноски веќе поднесе тужба до европскиот суд за човекови права во Стразбур и бара оштета од 65 милиони денари.
Слично
