Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цаноски: Уште еден доказ како власта ги гони домашните, а трча по странски инвестиции

Цаноски: Уште еден доказ како власта ги гони домашните, а трча по странски инвестиции

Фијат Цаноски за Нова Тв  вели дека не е изненаден од денешните објавени телефонски разговори во кои, според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, договараат уривање на објектот „Космос“.

Како што наведуваат од Нова Тв бизнисменот тврди дека и претходно знаел дека се работи за политичка пресметка, но не му се верува зошто власта толку ги гони домашните инвеститори, а е во постојана потрага по странски инвестиции.

-Уште пред 3,5 години градоначалникот на општина Гази Баба ми кажа дека наредбата дошла „од горе“. Сепак, многу сум изненаден од заинтересираноста на премиерот за мене, иако немавме никакви пречки околу објектот пред тоа, ниту тоа беше дивоградба. Јас за овој случај веќе имам поднесено тужба против државата во Стразбур, со образложение дека се работи за политичка пресметка. Тужбата е прифатена апсолутно, а овие снимки кои Заев денеска ги обелодени се уште еден доказ за процесот кој е во тек, но и за тоа како власта ги гони домашните инвеститори, а трча по странски инвестиции, рекол тој Цаноски за НОВА.

Инаку на денешната прес конференција Заев објави аудио снимки на кои според него се слушаат наредби за уривање на објектот „Космос“.

Слично

Поврзани вести