Цаноски револтирани и фрапирани, еден ден сите ќе платите!
После објавените аудио разговори од денешната прес конференција на опозицијата пораката на Сефер Цаноски која ја напиша на Фејсбук е дека што и да каже после се е залудно.
„Што и да кажам после ова што денеска го чувме е залудно. Но едно знам. Знам дека сите ќе платите и ќе одговарате за целото зло што сте го направиле. Во тоа сум повеќе од сигурен.
Да, вистината е навистина како шило и излезе на виделина и уште еднаш јавно , ќе му заблагодарам на Зоран Заев, за мене еден од најчесните и најискрени политичари на денешницата во Република Македонија и пошироко.
Време е за чесни и искрени луѓе во политиката, во бизнисот, во нашава скромна држава во секој поглед. Кога оние кои вработуваат, хранат стотици фамилии ги рушите и уживате во сето тоа, тогаш тоа е повеќе од доволно да сфатиме дека вие сте на погрешна позиција во погрешно време.
Господ да ни е на помош на сите кои живееме и си ја сакаме оваа наша Македонија со ваква власт и луѓе кои наместо да бидат пример со нивното однесување штетат на младо и на старо. На генерации кои ова го слушаат како едниствен, уникатен и негативен пример во историјата од нашето постоење. . .
Покојниот Борис Трајковски нашиот личен пријател велеше: Господ да ја благослови Македонија. Дај боже Претседателе да ја благослови оти црно ни е пишано“, напиша тој на Фејсбук профилот.
СДСМ денес објави аудио снимка во која можеше да се слушне како што тврди Заев како Груевски му признава на Јанакиески дека го лажел Фијат Цаноски дека му нашле грешки во градбата, а Миле Јанакиески уште предлага “да му најдат маана“ за целиот товар да падне на грбот на Фијат Цаноски против кого е насочен одмаздничкиот чин. Сето ова е со цел за да се спаселе од одговорност градоначалниците на Гази Баба и на Скопје, Тони Трајковски и Коце Трајановски, бидејки тие му дале одобрение за градба на Цаноски согласно закон, да го гради објектот што му го рушат Никога Груевски и Миле Јанакиески.
Фијат Цаноски пак вели дека уште еднаш се потврдува дека рушењето на неговиот објект е само политичка игра.
-Јас тврдев и сè уште тврдам дека немаше никаква грешка во објектот. Тое е политичко рушење. Ме фрапира со какво смеење разговараат за мојата ситуација додека јас ги молев да не го рушат, имав и доста вработени и затоа ги молев, вели Цаноски за НОВА.
