Цаноски:Иванов нека ја повлече аболицијата, со аболицираните од „ТНТ“ да се видиме на суд
Лидерот на ПЕИ, Фијат Цаноски ги повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, екс министерот за транспорт, Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски како и другите под обвинение или абоицирани да се појават пред судските органи и да се докаже вистината.
„Граѓанинот Ѓорге Иванов за мене не е претседател бидејќи како што имавме прилика да дознаеме, преку низата таканаречени „бомби“ што ги објави опозицијата бил избран на нелигитимни избори. Ако тој е толку праведен и аболицираше политичари, нека ја повлече одлуката за аболиција за да можам јас и аболицираните чии имиња ги дознавме од случајот „ТНТ“ на СЈО да се видиме на суд. И низ една граѓанска праведна постапка да докажеме кој од нас ја зборел вистината- изјави Цаноски на прес конференција пред седиштето на општина Гази Баба.
Станбениот комплекс„ Космос“ на Цаноски, беше урнат како наводна дивоградба по налог на Министерството за транспорт и врски кога министерот беше Јанакиески.
