Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРУЦИЈА СО ПРИТИСОК: САД да ја забрзаат екстрадицијата на Ѓулен

ТРУЦИЈА СО ПРИТИСОК: САД да ја забрзаат екстрадицијата на Ѓулен

Турскиот премиер Бинали Јилдирим рече дека неговата влада сака САД да ја забрзаат постапката за екстрадиција на тамошниот исламски проповедник Фетхулах Ѓулен, кого Турција го обвинува дека го организирал неуспешниот обид за државен удар минатиот месец, пренесе AFP, цитирана од агенциите.

Јилдирим изјави пред претставници на странски медиуми во саботата дека Турција и САД имаат договор за екстрадиција и процесот не треба да биде одложуван. Ние сакаме процесот да биде забрзан (...) овој човек беше лидерот на превратот. Што чекаме? Договорот меѓу двете страни е јасен“, рече премиерот на Турција.

Вашингтон побара докази за вмешаноста на Ѓулен и вели дека постапката за екстрадиција треба да се води на правичен начин.

Во неделата слични апели упати и претседателот Реџеп Таип Ердоган. „Стратешките партнери не треба да ја попречуваат работата на своите партнери, го коментира претседателот на Турција новото барање за екстрадиција на Фетхуллах Ѓулен од САД.

Во својот говор, Ердоган објасни дека го упатил своето барање лично до претседателот на САД Барак Обама. Американските власти сепак очекуваат неспорни докази за вината на Ѓулен.

Самиот Ѓулен негира каква било улога во обидот за преврат, во кој загинаа над 270 лица. Јилдирим исто така, рече дека сака САД да го постават Ѓулен под „привремен притвор“, потсетува DPA.

Пред претстојната посета на американскиот потпретседател Џо Бајден во Турција во средата, премиерот ги опиша односите со САД во моментов како „умерени“, но истакна дека САД остануваат „стратешки партнер“ на Турција.

Се очекува Mинистерството за правда на САД да испрати во следните денови во Турција тим кој ќе ги истражува тврдењата на властите во Анкара за криминални активности на Ѓулен.

Над 40 илјади лица се приведени од турските власти поради обидот за преврат.

Слично

Поврзани вести