Трудниците развиваат се потешка клиничка слика
Шефот на Болницата за гинекологија и акушерство на Клиничкиот болнички центар „Д-р Драгиша Мишовиќ“, во Србија, д-р Слаѓана Михајловиќ, изјави дека расте бројот на позитивни бремени жени кои развиваат се потешка клиничка слика, и дека во моментов има шест позитивни бремени жени во таа болница.
Таа изјави дека од почетокот на оваа година се родиле 25 здрави бебиња чии мајки биле позитивни на вирусот корона.
„Во текот на минатата година, имавме 177 такви случаи, така што бројот на позитивни бремени жени расте, што е многу загрижувачко“, рече таа за РТС.
Михајловиќ оцени дека бремените жени се многу позагрозени во однос на првиот и вториот бран на епидемијата и дека тоа е последица на фактот дека се опуштиле.
„Потешките клинички слики се неизбежни. Имаме само бремени жени на кои им е потребна кислород и интравенска терапија “, објасни таа и додаде дека бремените жени со благи симптоми се испитуваат во клиниките во Белград.
