Трошоците на живот во февруари бележат намалување!
Индексот на трошоците на животот во февруари 2015 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 100.1 покажуваат денешните податоци на Државниот завод за статистика.
Имено индексот на трошоците на животот во февруари 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите. Пораст е забележан кај свежото овошје за 3.7%, свежиот зеленчук за 1.9%, сувото и конзервираното овошје за 1.4%, безалкохолните пијалаци за 1.0%, другите неспомнати прехранбени производи за 0.6%, шеќер, џем, мед, чоколада и кондиторски производи за 0.5%, свежото млеко за 0.4% и алкохолните пијалаци за 0.2%.
Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот во февруари 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај болничките услуги за 4.2%, лековите за 3.0%, текстилот за домаќинствата за 2.1%, авионскиот превоз на патници за 1.6%, гасот за домаќинствата за 1.1%, средствата за лична хигиена за 0.8%, средствата за чистење и одржување на станот за 0.6%, пијалаците во рестораните и хотелите и накитот и часовниците за 0.5%, услугите за одржување и поправки на станот за 0.4% и комуникациите за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во февруари 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај месото за 1.3%, замрзнатиот зеленчук за 0.6%, конзервираниот зеленчук за 0.4%, тестенините за 0.3% и лебот и житариците за 0.2%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 6.3%, обувките за 2.8%, сообраќајните средства за 2.6%, течните горива и мазива за 2.1% и облеката за 0.9%.
Индексот на трошоците на животот во февруари 2015 година, во споредба со февруари 2014 година, бележи намалување од 1.0%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 2.8%.
