Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трошоците за повисоки плати за работниците до 100 евра на товар на државата

Трошоците за повисоки плати за работниците до 100 евра на товар на државата

Владата планира да субвенционира дел од трошоците кон државните фондови за работодавците да можат да ја зголемат платата на работниците. Според мерката за која брифираа вчера извори од владеачката партија, на работодавачите кои ќе зголемат плата до 100 евра во нето износ, државата ќе им го субвенционира плаќањето придонеси, без данокот. 

Како што веќе објави Фактор ребалансот на буџетот за годинава бил затворен вчера, а со тоа била усвоена и оваа мерка која треба да почне од октомври. Во насока е на зголемување на минималната плата, за која се тврди дека има тенденција да биде 16.000 денари. Изворите коментираат и дека со ова ќе се намали во некој дел плаќањето во кеш на работниците без притоа да трпат пензискиот и здравствениот фонд.

Проекциите велат дека на годишно ниво за оваа мерка ќе треба да се издвојат околу четириесет милиони евра од државниот буџет.

Според информациите ребалансот треба да помине на Влада во првата половина од следната недела.

Владини извор пак откриваат дека е планирано зголемување на платите, освен на докторите специјалисти и на други категории работници.

Слично

Поврзани вести