Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРОШОЦИ ЗА ДОМУВАЊЕ: Прекумерен товар за 12,3 отсто од домаќинствата

ТРОШОЦИ ЗА ДОМУВАЊЕ: Прекумерен товар за 12,3 отсто од домаќинствата

Спо­ред по­да­то­ци­те на Др­жав­ни­от за­вод за ста­тис­ти­ка, ед­но про­сеч­но ма­ке­дон­ско до­ма­ќин­ство во 2016 го­ди­на има­ло на рас­по­ла­га­ње 364.070 де­на­ри (5.919 ев­ра), а од нив нај­го­лем дел или 40,7 от­сто троши на хра­на и без­ал­ко­хол­ни пи­ја­ла­ци. Следна­та го­ле­ма трош­ков­на став­ка за ма­ке­дон­ски­те до­ма­ќин­ства е пла­ќа­ње­то на ста­на­ри­на­та, во­да­та, елек­трич­на­та енер­ги­ја и дру­ги ко­му­нал­ни ус­лу­ги. Таа зафаќа 13,6 отсто од вкупните приходи.

Пресметката покажува дека от­ка­ко ќе се пот­ро­шат повеќе од по­ло­ви­на од при­хо­ди­те за да се на­пол­ни сто­ма­кот и да се пла­тат смет­ки­те, ос­та­ну­ва мно­гу мал­ку за дру­ги­те потре­би, па за­тоа и про­цен­тот што се од­во­ју­ва за тоа е мно­гу ни­зок. Така, трета став­ка на ко­ја тро­ши­ме нај­многу па­ри се об­ле­ка­та и обув­ки­те и за нив одат 5,3 от­сто од при­хо­ди­те. След­ни се тро­шо­ци­те за со­об­ра­ќај за кои из­дво­ју­ва­ме 5 от­сто од па­ри­те, за покуќнина (4,7 отсто) и за отплата на кредити и заеми (4 отсто). 

За ал­ко­хол­ни пи­ја­ла­ци и ту­тун тро­ши­ме 3,9 от­сто од па­ри­те, а дека сакаме да уживаме покажува податокот дека за ресторани и хотели трошиме 3,8 отсто од приходите. За здравје ни одат 3,4 отсто од вкупните приходи, а за трошоци за комуникации 3,2 отсто. Заштедуваме, барем некои од нас, 2 отсто од приходите, а за рекреација и култура се трошат 1,9 отсто. Став­ка на ко­ја тро­ши­ме убед­ли­во нај­мал­ку па­ри е об­ра­зо­ва­ни­е­то, 0,7 отсто.

Различени бројки во Европа

Трошоците кои се однесуваат на домувањето се главна ставка и за многу европски домаќинства. Според Евростат, во 2015 година, 11,3 отсто од домаќинствата во ЕУ трошат 40 отсто или повеќе од приходите за домување. Постојат значителни разлики меѓу земјите-членки на ЕУ. Од една страна се земјите со релативно мал дел од населението кое живее во домаќинства каде трошоците за домување надминиваат 40 отсто од приходот, односно немаат поголеми проблеми за да ги платат сметките за струја, вода и други комуналии. Таков е случајот во Малта (1,1 отсто), Кипар (3,9 отсто), Ирска (4,6 отсто) и Финска (4,9 отсто). 

На спротивната страна се наоѓаат држави како Грција, каде трошоците за домување се сериозен товар за дури 40,9 отсто од домаќинствата, Романија со удел од 15,9 отсто, Германија со 15,6 отсто и Данска, каде 15,1 отсто од домаќинствата трошат повеќе од 40 отсто од приходот за да ги платат основните комунални давачки. Од другите земји во регионот, комуналните сметки се преголем товар за 15 отсто од бугарските домаќинства, 7,2 отсто од домаќинствата во Хрватска, 29,1 отсто во Србија и за 6,1 отсто од домаќинствата во Словенија.

(М.Б.)


Слично

Поврзани вести