Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трошиме се повеќе струја и гас!

Трошиме се повеќе струја и гас!
Бруто домашната потрошувачка на електрична енергија во Македонија во октомври минатата година изнесувала 668.003 мегават часови, објави Државниот завод за статистика. Ова е за 5,4 отсто повеќа во споредба со истиот месец од претходната година.

Од вкупната потрошена електрична енергија, 66,7 отсто е од домашно производство, а 33,3 отсто од увоз.

Истовремено, во октомври 2013 година увозот на природен гас во земјава изнесуваше 4.316 милиони нормални метри кубни што е за цели 16,7 отсто повеќе во споредба со увозот во истиот период од претходната година.

Слично

Поврзани вести