Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРОШЕЊА НА ОПШТИНИТЕ: Најмногу за плати, а ќе се купуваат и возила!

ТРОШЕЊА НА ОПШТИНИТЕ: Најмногу за плати, а ќе се купуваат и возила!

За три месеци, или во првото економско полугодие, сите општини во земјава, заедно со Град Скопје потрошиле 14,8% од планираните буџетски расходи. Имено, од вкупниот буџет на општините и Град Скопје во износ од 754,0 милиони евра се потрошиле 111,9 милиони евра. На приходната страна реализацијата на приходите во однос на планот изнесува 16,3%. На расходната страна, нјвисоки стапки на реалзација имаат трошоците за основни плати и надместоци, кои практично се една и од најголемите ставки скоро кај сите општини.

Така на пример, вкупните расходи за основни плати, придонеси за социјално осигурување и надоместоци , на  општина Чаир изнесуваат 5,8 милиони евра, на општина Битола 10,9 милиони евра, на општина Центар скоро 5  милиони евра, општина Тетово по овој основ годинава ќе потроши 14,8 милиони евра. Доминацијата на овие расходи во вкупниот буџет е типична речиси за сите општини. 

Дел општините со годинашните буџети немаат план да трошат пари за купување на мебел и возила, но дел сепак зацртаа расходи по овој основ. Така, општина Богданци на пример, во  основен Буџет има прокетирано 19 500 под ставката “купување возила“, а една од најголемите ставки во буџетот на оваа општина се градежни работи во износ од 1,2 милиони евра. И општина Боговиње со основиот Буџет планира купување нови возила во износ од скоро 30 000 евра. Со нови возила планираат да се подноват и Брвеница, Василево, Врапчиште, Гостивар, Дебар, Демир Капија, Желино, Зелениково, потоа општините Кавадарци, Илинден, Кочани, Крушево, Куманово, Липково, Новаци, Прилеп, Свети Николе, Струмица и други, како и скопските општини Бутел, Гази Баба, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Чаир. Град Скопје годинава за купување на возила планира да потроши 576 000 евра.

Владата најави дека ќе помогне во финансиска консолидација на дел од општините, преку кредит од 120 000 000 милиони евра, пари кои ќе се наменат за враќање на долговите и кон приватниот сектор. Во исто време беше најавено и дека ќе се зголеми финансиска трансперентност на локалната власт преку објавување на извештаи но и на договори за јавни набавки.

Иако се наоѓале во тешка финансиска состојба и законски биле обврзани да прогласат финансиска нестабилност, дел од градоначалниците не го направиле тоа. Напротив, продолжувале со проекти но и со нови вработувања.

Неодамна, Државниот завод за ревизија обелодени серија на пропусти, неправилности па дури и кршење на закон во работењето на општинарите. Иако дел од нив се наоѓале во тешка финансиска состојба и законски биле обврзани да прогласат финансиска нестабилност, градоначалниците не го направиле тоа.

Д.А.

Слично

Поврзани вести