Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца загинати и двајца повредени во експлозијата во Богданци

Тројца загинати и двајца повредени во експлозијата во Богданци
Тројца работници починаа, а двајца се повредени во експлозијата на плинарата што изутринава се случи во Богданци, информираат од полицијата. Противпожарните екипи сѐ уште го гаснат пожарот во фабриката за плински боци „Балкан гас“. Според првичните сознанија, пожарот избувнал изутрината во 8.50 часот од искра во одделот за полнење плински боци, а силната експлозија го вознемирила локалното население. Тројцата загинати работници, пак, се наоѓале на самото место на експлозијата. На терен сѐ уште се наоѓаат и екипите на брзата помош и на полицијата, како и јавен обвинител.
Слично

Поврзани вести