Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца претседатели го посетија кампот Винојуг

Тројца претседатели го посетија кампот Винојуг

Балканската  рута останува затворена се додека крајните земји од Европа не се изјаснат поинаку.

Ова е заклучокот на претседателите на Македонија, Ѓорѓе Иванов, на Хрватска  Колинда Грабар Китаровиќ  и на Словенија, Борут Пахор при посетата на кампот Винојуг во Гевгелија.

Во кампот се сместени 139 мигранти. Тие им се пожалија на претседателите дека иако условите во кампот се добри, тоа не е трајно решение за нив.

„Се надеваме дека луѓето што се останати во кампот наскоро ќе заминат затоа што по последните инциденти имаме притисок од мигрантите кои сакаат повторно да се отвори коридорот. Меѓутоа, коридорот е во ваква состојба со одлука на Брисел и ние ќе ја почитуваме таа одлука се додека е на сила, односно ќе остане затворен просторот низ кој досега минаа речиси милион мигранти“-  рече Иванов.

Неговите колеги велат дека границите се затворени по одлука на Брисел и  така и ќе остане.

„Мигрантите од грчка територија и понатаму се обидуваат да поминат и да ја отворат балканската рута, но таа ќе биде затворена се додека државите кои се посочуваат како крајна дестинација на бегалците не се изјаснат дали ќе ги примат или не“- вели Грабар Китаровиќ.

Похор и Грабар Китаровиќ се сретнаа со полицајците од Словенија и од Хрватска,  кои им помагаат на македонските полицајци во справувањето со мигрантите на македонско-грчката граница.

„Благодарен сум што Македонија моментно е главен браник на својата, но и на нашата земја и ЕУ“ - изјави Пахор.

Претседателите вчера остварија средби со претставници на повеќе политички партии во земјава.

Слично

Поврзани вести