Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројно убиство во Злетово – професионален војник пукаше

Тројно убиство во Злетово – професионален војник пукаше
Професионален војник на АРМ е осомничен дека го извршил тројното убиство што го вознемири денеска Злетово. Осомничениот пред да го изврши тројното убиство бил на стража и по завршувањето на работните обврски, со комлетна воена опрема, ги убил родителите на својата сопруга со која водел бракоразводна парница и уште едно лице, вработено во Државниот пазарен иснпекторат. Според првичните информации, братот на неговата сопруга успеал да му го одземе оружјето. Полицијата се уште трага по извршителот, кој потоа се дал во бегство. Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ остро го осудуваат тројното убиство во Злетово и потврдуваат дека осомничениот е професионален војник на АРМ. МО и ГШ на АРМ им даваат целосна поддршка и асистенција на органите на МВР за што побрзо расветлување на причините и околностите, поради кои се случи трагичниот настан во Злетово. „Согласно Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе во АРМ и неговата примена во однос на подготовката на припадниците на АРМ пред извршување на должноста, кај професионалниот војник од страна на лекар е утврдена добра здравствена и психофизичка состојба. Во досегашниот период, од претпоставените старешини и во системот на командување и контрола во АРМ, не е регистрирано кршење на воената дисциплина, ниту непочитување на правилата и прописите од страна на осомничениот професионален војник“, пишува во соопштението од МО и ГШ на АРМ.
Слично

Поврзани вести