„Тројката“ повторно во Атина
Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас синоќа во Атина се сретна со претставниците на тројката меѓународни кредитори кои вчера се вратија во Грција.
На состанокот е разговарано за дополнителниот данок на имот, за намалувањето на бројот на државни службеници и други реформи кои Грција треба да ги спроведе во согласност со договорот со „тројката“.
Портпаролот на Министерството за финансии изјави дека било разговарано за сите отворени прашања и оти нема официјална реакција од меѓународните претставници. Не е познато кога ќе се одржи следниот состанок.
- Сите прашања се на маса, изјави кусо по средбата Стурнарас и информира дека дискусии ќе се водат секој ден. За време на средбата со „тројката“, пред Министерството за финансии имаше дваесетина демонстранти кои меѓународните претставници ги испратија извикувајќи „вие сте убијци“.
Според високи владини извори, целта на грчката Влада.
