Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца во трка за претседателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ

Тројца во трка за претседателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ
Тројца заинтересирани се пријавиле досега на повикот за претседателски кандидат што го упати владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Актуелниот претседател Ѓорге Иванов, универзитетскиот професор Јове Кекеновски и магистерот Божидар Ночев ќе ги одмерат силите на партиската конвенција, закажана за 1 март. Оној што ќе ја добие поддршката од мнозинството од вкупно 1.300 делегати ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори закажани за 13 април. Иванов влегува како фаворит во трката, со оглед на тоа што на иницијативата за негово повторно кандидирање се потпишаа истакнати членови од партискиот врв. Сепак и останатите кандидати велат дека не се откажуваат и ќе ја бараат довербата на делегатите. Рокот за пријавување на заинтересираните за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ истекува утре во 20 часот. „ВМРО-ДПМНЕ целокупната постапка за избор на свој кандидат за Претседател на Република Македонија ја води крајно транспарентно во согласност со сите демократски принципи. Ние како партија воведовме нови стандарди во водењето на политиката и очекуваме овие стандарди да бидат следени од останатите политички субјекти во државата. Изборот на кандидат за Претседател на Република Македонија сметаме дека е врвен демократски дострел и оттука целиот процес го водиме крајно одговорно и демократски“, информираше Емил Димитриев, генерален секретар на ВМРО - ДПМНЕ.  
Слично

Поврзани вести