Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца професори на штипскиот универзитет ќе штрајкуваат со глад

Тројца професори на штипскиот универзитет ќе штрајкуваат со глад
Штрајк со глад од утре почнуваат тројца професори од Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, кои се соочуваат со незаконска одлука на Наставничкиот совет на факултетот. По петгодишна работа на Универзитетот како доценти, Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски си пријавиле за повисоко звање - вонредни професори. Иако стручната Рецензентска комисија го потпишала позитивниот извештај за тројцата кандидати, Наставничкиот совет на факултетот одлучил да постапи спротивно на нејзините препораки без образложение. Тројцата доценти, не само што не го добиле очекуваното унапредување, туку не биле избрани ниту во истото звање во кое работеле досега, со што се соочуваат со откази на работните места. „Ги исполнувам сите законски услови и сите криетериуми, имам позитивен рецензентски извештај, во кој што предлогот е да бидам избрана во повисоко звање. И покрај таквите извештаи, заради нечие самоволие се прави обид мојот избор да се оновезможи“, вели Матлиеска. Откако зад Матлиеска застанале нејзините двајца колеги, сега и тие се соочуваат со истата неправда. „Ако ова помине сега вака на нашиот случај, во иднина сите колеги без разлика на квалитетот кој ќе го дадат во наставно-научниот процес, ќе бидат изложени на линч, односно доколку не се со групата на деканот и самиот декан, и посебно доколку средината е медиокритетска, таа нели нормално ќе биде поголема, можат многу лесно да бидат отсранети од работа, односно да се изврши обид за нивно отстранување од работа“, додава Шајноски. „Со оглед дека во континуитет подолго време наназад спроведува самоволие кршејќи ги сите законски прописикои што се констатирани во неколку наврати со неколку решенија од страна на Државен просветен инспекторат, бараме Деканот да си поднесе оставака односно да биде разрешен од функцијата, во спротивно ако до утре не добиеме повратен одговор ќе пристапиме кон штрајк со глад“, вели Костадиновски. Во заштита на правата на тројцата професори застана и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), кој упати барање до надлежните институции да ги преземат сите потребни мерки.
Слично

Поврзани вести